Во Кавадарци изложба „И јас сум тука"

Во Домот на културата „Иван Мазев" во Кавадарци вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на фотопортрети „И јас сум тука" на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска. Изложбата вклучува 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од земјава на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени ним.

Веднаш по отворањето на изложбата ќе биде прикажан и шведскиот документарен филм „Модна ревија: Од Глада Худик до Њујорк“, во кој улогите ги толкуваат лица актери со интелектуална попреченост, кои денес се ѕвезди во Шведска. Филмот зборува за соништата во кои треба да веруваме.

На настанот ќе бидат промовирани и книгата „И јас сум тука“, во која се сместени сите приказни на луѓето-учесници на изложбата, како и македонскиот превод на „Не престанувајте да се гушкате“ од Оса Емрот, книга со цитати на актерите од театарот „Глада Худик“ од Шведска.

Настаните се дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чија цел е да се смени стереотипното однесување кон луѓето со попреченост, да се намалат стигмите и да се крене свесноста за интелектуалната попреченост, вели Ануки Стуруа, проект-менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди“.

„И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чиј иницијатор е театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, со поддршка на Шведскиот институт. Ова е проект кој во Шведска од 2014 година дал одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се спроведува од 2020 година.

Здружението на граѓани за поддршка на лицата со посебни потреби „Солем“ преку разни активности се вклучи во проектот за што повеќе деца во земјава да бидат опфатени преку активности реализирани во училиштата. Основач на проектот е театарскиот режисер, продуцент, сценарист Пер Јохансон.

Изложбата „И јас сум тука“ беше првпат претставена пред јавноста во Кинотеката во ноември 2021 година, а потоа и во Струга, Гевгелија, Богданци и Неготино. Оваа есен ќе има минитурнеја низ неколку градови во државава. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе