ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА

Во Галеријата на МКЦ е поставена првата самостојна изложба на Филип Велковски

Изложбата на Филип Велковски се состои од дваесет и три слики изработени во техниката масло на платно. Сликите се изработени во период од три години.

Во племенските иницијациски обреди, фазата на премин од еден општествен статус во друг според антрополозите е дефинирана како „лиминална“ (лат. limen – праг). Ова е фаза во која идентитетот и статусот на индивидуата или групата што го извршува обредот лебди во гранична линија. Преминот од јаве во сон, од ден во ноќ се процеси во кои две конкретни состојби се разделени со една состојба, која не припаѓа „ниту ваму ниту таму“. Тој меѓупростор и тоа меѓувреме е лиминална зона.

Креативниот процес на создавање како лиминален процес (во однос на настанокот на делото) е област на можности, кој ги одбива сите класификации. Умот за време на процесот е растеретен од бремето на собраното знаење, ставови и концепции и е целосно посветен на решавање на проблемот. Производ на таков ум се „Лиминалните фигури“, кои не се ниту човек, ниту бог, ниту ѓавол, објаснува Филип Велковски.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе