Во галеријата Ко-Ра „Чудниот рај“ на Сашо Блажес

„Чудниот рај" е насловот на изложбата на охридскиот уметник Сашо Блажес, која од утре до 23 ноември ќе се одвива во галеријата КО-РА во Скопје. Се работи за избор од 35 дела настанати во периодот од 2005 до 2013 година за време на неговиот престој во Букурешт.

Делата на Сашо Блажес инкорпорираат витални универзуми, разиграни и спонтано иронични оркестрирани со една автентично креативна способност и искреност. Препознатливите елементи од световите на пишаното и искусеното се конвертираат во секвенци на едно специфично визуелно сценарио кое авторот ни го предложува да го поминеме. Една седукативна изложбена патека полна со фантазии.

Ова за творештвото на охридскиот уметник Сашо Блажес ќе го запише романската уметничка, професор и куратор Марилена Преда Санк.

Ана Франговска, куратор во Национална галерија на Македонија, од своја страна забележува дека „делата на Блажес, акварели главно, оддишуваат со изграден и цврст ликовен вокабулар, со одлична манипулација со техниката, мајсторско справување со белата позадина, која честопати претставува предизвик за совладување и кај постарите автори. Графизмот, вели таа, т.е. линиите имаат исклучителен потенцијал и всушност тие се двигателите на ликовната егзегеза и нарација. Со знаење и умеење уметникот скратува, деформира, изобличува, преспојува, реинтерпретира, одново создава нови, свои, специфични антропоморфни и животнолики собитија, смета Франговска.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе