БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ

Во Чифте амам ќе бидат доделени наградите на Биеналето на цртеж на „Остен“

Централниот настан, изложба и доделување на награди и признанија на „Остен - Биенале на цртеж Скопје 2016“ ќе се одржи на 22 декември 2016 во Чифте амам, со почеток во 20 часот. На настанот ќе присуствуваат дел од наградените уметници (Јапонија, Франција, Израел, Литванија, Грција и Србија), а ќе бидат изложени дела на 270 автори, кои беа селектирани од интернационалното жири и се најдоа во каталогот, чија што промоција ќе ја круниса вечерта.

Како придружни активности на „Остен - Биенале на цртеж Скопје 2016“ се одржаа промоцијата на публикацијата „Германски уметници од колекцијата на Остен“ со мини-изложба на германски автори во Гете институт, како и промоцијата на публикацијата „Британски уметници од колекцијата на Остен“ со мини-изложба на британски автори во просториите на Британски совет.

На 22 декември во пладневните часови се одржа авторизација и промоција на графичка мапа на Камелија Отеро и заедничка мапа со Росица Лазеска во Францускиот институт, додека за 23 декември (петок), во 12 часот, најавено е отворање на изложба на автори од Полска во галерија „Остен“ (ул. Максим Горки бр. 16).

На годинашното издание на Биеналето на цртеж на „Остен“ учествуваа 690 автори од 66 земји од светот со 2.240 пристигнати дела.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе