Во Чифте амам изложба на Висат Мулиќи - „Вон боите"

Во Старата скопска чаршија, во Чифте амам вечерва уметникот Висал Мулиќи ќе ја претстави својата изложба насловена „Вон боите". Куратор на изложбата ќе биде Зени Блажи.

„Делата на сликарот Висар Мулиќи докажуваат долг пат, каде професионалноста и уметничката оригиналност постојано се натпреваруваат со личната слика, сега целосно формулирана со експресионистичка димензија, што ја зголемува гледаноста и задоволството кај јавноста“, велат од Националната галерија.

Мулиќи е роден 1966 година во Приштина. Студирал на Факултетот за Уметности на Универзитетот во Приштина. Неговата уметничка креативност вклучува современо експресионистичко сликарство со изразена чувствителност кон материјалот со кој работи. Учествувал на многу групни и неколку самостојни изложби на Косово и на меѓународна сцена во  Австрија, Албанија, Белгија, Германија, Јапонија, Северна Македонија, Франција, Швајцарија. Од 1992 до 2004 година учествува во сите колективни изложби организирани од „Здружението на уметници на Косово“. 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе