Во Битола изложба на Петра Јовановска - „Патувајќи низ кругот“

Утре во галеријата Магаза во Битола ликовната уметница Петра Јовановска ќе има самостојна изложба со наслов „Патувајќи низ кругот" со нејзините две гостинки од Чешка Ленка Сарова Малиска и Варвара Дивишова.

Авторката подолг период го истражува кругот, се навраќа на него, се сретнува со него или пак патува низ кругот. Круг како едноставен геометриски облик, кој претставува за авторката голема симболика и функција. Создава чисти геометриски композиции, така ја нагласува улогата на кругот или пак го става кругот во некоја споредна улога. Круг како симбол на бесконечност, целина, нешто што нема почеток ниту крај, симбол на внатрешна слобода.

Тргнувајќи од медиумот графиката, пред сѐ од графичките сегменти изработени во графички техники како што е сув печат и линорез, па користејќи и други ликовни техники како цртеж, слика, колаж, фотографија доаѓајќи до мултимедијална техника.

Петра Јоавновска има завршено ФЛУ. смер графика во класата на проф. Димче Николов. До сега реализираше 38 самостојни изложби во Македонија, Чешка, Франција, Србија, Хрватска, Полска, САД, Германија. Учествувала на голем број групни изложби, добитник е на неколку награди и учесник на голем број меѓународни ликовни колонии и симпозиуми.

Нејзините гостинки од Чешка веќе се познати на македонската ликовна сцена, двете авторки учествувале на неколку ликовни колонии (Струмица, Охрид) и на патувачката изложба на група уметници од Чешка и Македонија која се реализираше во неколку града (Скопје, Струмица, Демир Капија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Неготино).

Изложбата ќе се одржи во галеријата Магаза во Битола утре во 19 часот и ќе ја отвори амбасадорот на Чешка Мирослав Томан.

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе