„Внатрешната градина“ – самостојна фотографска изложба на Стефан Шашков

Во Центарот за иновации „Јавна соба" вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Внатрешната градина" на визуелниот уметник Стефан Шашков.

Организаторот соопшти дека таа е резултат на ненамерни фотографски медитации низ минливите и менливите моменти на реалноста и по својот илуминиран светлопис ја трансцендентираат истата таа реалност.

„Тоа што старите сликарски мајстори го правеа преку четката, во овој случај направен е обид со фотоапарт, а „насликаните” фотографии го надминуваат медиумот во кој се создадени, визуелно асоцирајќи на делата на импресионистите. Терминот „внатрешна градина” е често користен од трагачите по сопството, суфистите, алхемичарите и веќе застарениот њу ејџ, во контекст на прочистување на внатрешното битие од сите стратиграфски слоеви на илузиите, но и на знаењето и технологијата, за да се дојде до еден сопствен пристап кон естетичното во фотографскиот процес“, наведува организаторот на изложбата.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе