Во МСУ

Видео проекција на визуелната уметница Христина Ивановска

Денеска во 21 часот во Музејот на современа уметност во Скопје, КСП Центар – Јадро ја организира видео проекцијата и дискусија со визуелната уметница Христина Иваноска во разговор со кураторката Јованка Попова.

Публиката ќе има можност да ги погледне видеата: Именување на мостот: Роса Плавева и Накие Бајрам (2006), Документот што недостасува: Перформанс бр. 5 (три акции) (2017), Документот што недостасува: перформанс бр. 8 (Писмото) (2018), Документот што недостасува: Перформанс бр. 9 (Атрибутите на имагинацијата), Moving in Still Time: A Series of Consecutive Exercises (2020).

Христина Иваноска (Скопје, 1974) преку својата уметничка практика се интересира и ги истражува прашањата поврзани со потиснувањето, контролата и градењето на колективната меморија во однос на стратегиите и политиките на отпор на жените, критички осврнувајќи се кон искуствата на денешните социјални и политички системи и нивната поврзаност со теоријата и историјата. Таа создава објекти, текстови, цртеж, видео, перформанс и инсталација, често интердисциплинарно, давајќи ѝ вредност на рачната работа како што се везот, ткаењето, грнчарството и пачворкот, како медиум од политичка и општествена вредност преку која се изразува индивидуалната борба и ограничувањата.

Таа изложувала во Музејот „Лудвиг“, Будимпешта; МОМУС Експериментален центар за уметност, Солун;  Меѓународно биенале за современа уметност „Аутострада биенале“, Призрен; Кунстхале Дармштат; Музеј на современата уметност, Загреб; Музеј за скулптура – Палата „Коликарнија“, Варшава; Истражувачки павилијон, 57. Уметничко биенале во Венеција; Mузеј на современата уметност, Скопје; Национална галерија на Македонија; МУМОК, Виена; Кунстлерхаус, Грац; Национален музеј за современа уметност, Букурешт; Државен музеј за современа уметност, Солун; Словачката национална галерија, Братислава; енГебеКа, Берлин; <ротор> Aсоцијација за современа уметност, Грац; Констхал Ц, Стокхолм; Mагазин4 – Брегенц Кунстверајн; Mузеј на современата уметност, Белград и други. Во моментов е докторски кандидат по ликовни практики на Академијата за ликовни уметности во Виена.

Јованка Попова (1980, Скопје) е куратор во Музејот на современата уметност – Скопје и куратор и програмски координатор на Проектниот простор „Прес ту егзит“. Докторант е на Факултетот за медиуми и комуникации Сингидунум во Белград. Магистрирала на Институтот за историја на уметноста, насока - современа уметност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела на повеќе домашни и интернационални кураторски проекти. Во 2019 била куратор на македонскиот павилјон на 58. Венециско биенале. Како дел од програмата на неколку меѓународни конференции и симпозиуми одржала презентации и предавања на Humboldt University Берлин, Goethe University, Франкфурт, Central European University, Будимпешта, Hankuk University of Foreign Studies, Seoul, Kunsthistorisches Institut, Фиренца; Norwegian University of Science and Technology, Трондхејм, Bahcesehir University, Истанбул итн. Претседател е на AICA Македонија - здружение на ликовни критичари, историчари на уметноста и кустоси кои дејствуваат на полето на модерната и современа уметност.

Програмата „Видео уметници од Македонија и регионот“се реализира со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада во Македонија и Министерство за култура.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе