Видео мапинг „Поглед во иднината“ на македонското Собрание (ФОТО)

Настанот за одбележување 30 години независност на Македонија што се одржа на 8 Септември пред македонското Собрание го отслика историскиот референдум на 8 септември 1991. Еден од настаните кој остави посебен впечаток беше визуелниот – мултимедијален перформанс, видео мапинг на фасадата на зградата на Собранието во Скопје.

 

Проекцијата на видео анимација ја претстави македонската традиција и традициите на другите заедници, современото живеење со кое се креира уникатна дигитална транспозиција на минатото во иднината преку деликатно комбинирање на одбрани дела кои го одразуваат мултикултурниот карактер на општеството, мозаикот на различности и интеркултурниот дијалог изразен преку културата, традицијата, уметноста и нивна преобразба преку шпекулативен дизајн кој ги понесе гледачите во една светла, оптимистичка иднина која ветува прогрес и стабилност.

Видео анимацијата ги прикажа клучните европски вредности: негата на индивидуалниот и колективниот идентитет, мултикултуралноста, грижата за различностите и интеркултурниот дијалог преку избор на бои, слики и музика кои ќе одразуваат заедниците кои живеат во РСМ.

Визуелните артисти/уметници кои ја сработија оваа видео анимација – мапинг „Поглед во иднината“ се Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски, во координација со агенцијата ИН маркетинг.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе