Вечерва во Чифте амам мултимедијален проект „Свадбениот пат“ на Кристина Пулејкова

Во галеријата Чифте амам вечер од 19 часот ќе биде отворена мултимедијална инсталација со видеодела, насловена „Свадбениот пат" на авторката Кристина Пулејкова.

Тие се снимени во студио со актери, врз основа на сценарио напишано од Пулејкова и кореографија на соработничката Џорџија Тегоу, кои се проектираат на водени екрани; холограмска проекција и видео во 360 степени виртуелна реалност.
Во концептот на проектот е приказната за европската јагула, која е ставена на листата на загрозени видови, а паралелно авторката ја вклучува и охридската јагула, која за да оствари репродукција мигрира до Саргаското Море.
-Чудесно патешествие дадено од природата кое на еден специфичен начин говори за миграцијата генерално, видена и низ перспектива на човекот, го третира чувството на мигрантот, дилемите, прашањата, припадноста, носталгијата, себеидентификацијата, наведува Националната галерија и додава дека  проектот на Пулејкова е меѓу ретките примери на примена на најновите технологии и трансдисциплинарност на уметноста со други области.
 
Младата уметница Кристина Пулејкова  живее, работи, истражува и се надообразува во Лондон. Завршила Академија за ликовна уметност во Виена, одделение за сликарство и анимација, а потоа магистрирала на Универзитетот „Сент Мартин“ во Лондон, во насоката за уметност и технологии.
– Во нејзиниот пристап, ништо во ликовната уметност не може да се претстави само и единствено преку ликовна форма, без притоа да се истражи и потпре на одредени други научни дисциплини. Во својот сплет тие ќе создадат неприкосновен визуелно-концепциски амалгам кој е повеќеслоен и не само што е трансмедијален и трансдисциплинарен, туку и анализира актуелни проблеми од доменот на политиката, екологијата и технологијата, се наведува во рецензијата за изложбата. 
 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе