Вечерва меѓународен салон на стрип „Велес 2022“

Во организација на Стрип центар на Македонија – Вeлес под покровителство на Општината, од денеска градот ќе биде центар на стрип културата, каде што ќе бидат изложени сите пристигнати дела на објавениот меѓународен конкурс.

Свеченото отворање на 19-от Меѓународен салон на стрип „Велес 2022“ е закажано за вечер во 20 часот во Ликовниот салон во Велес.

Како што информираат од СЦМ-Велес, на отворањето ќе бидат прогласени победниците и доделени наградите во повеќе категории. Изложбата ќе биде поставена до 30 септември секој работен ден од 8 до 16 часот. Оваа стрип – манифестација е единствената од ваков вид во земјава.

Воедно, во исто време, во Спомен – куќата на Касапови во Велес од денеска до 25 септември ќе се одржи и четвртата Стрип колонија „Велес 2022“, која е втора во Европа колонија од ваков вид. На неа, како што најавија од СЦМ-Велес, ќе учествуваат петнаесетина стрип автори од државата, Србија, Романија и Албанија.

Стрип изложбата и колонијата е отворена за сите заинтересирани љубители на стрипот. 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе