Во Културно информативниот центар – Скопје

Вечер ќе биде отворена изложбата „Птици (за мојата ќерка)“

Изложба на слики „Птици (за мојата ќерка)" од Јорданчо Кицовски вечер ќе биде отворена во Културно информативниот центар – Скопје.

Авторот на изложбата ќе се претстави со 20 дела, работени акрилик на платно, создадени последниве три години.

Јорданчо Кицовски е роден во 1980 година во Скопје. Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје (графика, реставрација и конзервација ). Слика на ѕидови и фасади, изработува сувенири, икони, слики, цртежи, стрипови …

Досега реализирал една самостојна изложба во Скопје и повеќе групни изложби во државата и во САД. Учествувал на неколку ликовни колонии низ нашата земја.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе