„Увертира кон македонскиот стрип“ - изложба во Штип

Изложба „Увертира кон македонскиот стрип“ ќе биде отворена денеска во Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.

Станува збор за поставка на педесетина рани форми на стрип од просторот на бивша Југославија, создадени во втората половина на 19 век. Во улога на промотор на изложбата ќе биде стрип – авторот Александар Стеванов, кој во воведниот говор ќе ја претстави македонската врска на изложените дела.

Изложбата ќе биде отворена и во текот на наредната недела. Нејзиното организирање е во рамки на проектот „Увертира кон македонскиот стрип“, поддржан од Министерството за култура. Како втора и финална фаза од реализацијата на истиот проект, на почетокот од идниот месец ќе биде објавена и двојазичната истражувачка книга „Приказна за лекарот, поетот и стрип-пионерот“.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе