Утре во Њујорк изложба на Страхил Петровски

Ликовниот уметник Страхил Петровски утре во Македонскиот културно-информативен центар во Њујорк ќе се претстави со мултидисциплинарниот проект ACTION/REACTION/WOR(L)D.

„Овој мултидисциплинарен проект поттикнува дијалог кој се осврнува на суштината на личната егзистенција и го поставува авторот како ангажиран критичар на реалноста на современото општество“,  вели во освртот Маја Чанкуловска-Михајловска, историчарка на уметност и куратор на проектот.

Плакатот за изложбата е дело на нашиот реномиран графички дизајнер Зоран Кардула. Петровски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје кај професорот Родољуб Анастасов, каде завршил и постдипломски студии. Зад себе има многу самостојни и групни изложби. Ова е негово прво самостојно претставување во Њујорк.

Изложбата се отвора со поддршка на Gallery MC и нашето Министерство за култура.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе