Галерија Колектив

Утре се отвора изложбата „Сечени, лепени, монтирани. Издишани“ на Сергеј Дамовски

Утре во галеријата „Колектив“ во Скопје уметникот, даскал и планинар Сергеј Дaмовски ќе ги изложи дваесетина дела работени последниве три години. Насловот на изложбата е „Сечени, лепени, монтирани. Издишани“.

Се работи за личен светокруг на емоциите на Дамовски, скици, цртежи на кои им се даде нов живот. Изложбата „Сечени, лепени, монтирани“ всушност е еден вид иницијација за поправање на нештата во Македонија. Гледаме дека малку сме „издишани“ во тоа „поправање“, затоа е таа спојка, вели резигнирано Дамовски.

„Моите слики ја претставуваат мојата емоција. Нормално, тоа е секогаш многу субјективно. Субјективното мислење го имаме сами за себе. Но, ако сакаме да сториме нешто подалеку од тоа, мораме да бидеме објективни и да ја видиме вистината – пред носот. Сакаме или не сакаме да ја видиме? Тогаш правиме чекори за општ добробит. Тие чекори се мојата уметност“, вели уметникот Дамовски.

„Сечени, лепени, монтирани“ е негова желба да се смени примитивизмот што го попримиле институциите низ децениите, но и општата граѓанска инертност и необразованост.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе