ПАТУВАЧКИ ПРОЕКТ

Уметницата Марија Милошевска со перформанс ќе ги истражува врските помеѓу личните приказни и историјата на Скопје

По Берлин, Лондон, Рим, Венеција, Белград, Сингапур и Будимпешта, на 10 септември (четврток), номадскиот проект на „Something Human“ – „Move with (out)“ го посетува Скопје во соработка со уметницата Марија Милошевска, здружението за уметност „Доминиум“, со поддршка на Градот Скопје и на европската културна фондација „STEP Beyond“.

„Моve with (out)“ е патувачки проект што ги истражува идеите за тоа што е дом. Земајќи го предвид сè понестабилниот глобален економски пејзаж, изложбата и уметничката интервенција во живо, која е приспособена на локацијата, ги истражуваат амбивалентните односи помеѓу внатрешноста и надворешноста кога станува збор за прашањата на идентитетот, границата и миграциите, припаѓањето и копнежот и на тензиите од навигацијата меѓу различните сфери.

Во соработка со уметницата Марија Милошевска, која работи со филигран, „Move with (out) – Јас сум... Скопје“ е перформанс во два дела, кој се протега од постарата граница и крстосница на градот, северната страна на Камениот мост, пред да почне да се движи јужно, за да ја премине Старата чаршија и да стигне до галеријата Чифте амам. Овој перформанс ги истражува врските помеѓу поединечните и колективните спомени за градот преку практиката на уметникот, за да се истражат комплексните врски помеѓу личните приказни и историјата.

Агендата на настанот за 10 септември 2015 (четврток) е со следниот распоред: Гостување во радио Канал 103 (12.00-13.00), Јавен перформанс на Бит пазар - Стара чаршија (17.30-19.15), Главен перформанс – плато пред Чифте амам (22.00-23.00), додека на 11 септември 2015 (петок) од 18 до 20 часот ќе се одржи дебата со уметницата и кураторите во културниот центар „Кула“.

Уметници кои претходно учествувале во проектот се Nicola Anthony, Zsuzsa Bakonyi, Sarah Choo Jing, John Clang, Mauro De Giorgi, Adolfina De Stefani, Nina Feldman, Valerie Grove, Howard Hardiman, Gloria Houng, The Huddle, Lynn Lu, Jakrawal Nilthamrong, Bill Psarras, Ana Rodić, Samin Son, Carlo Michele Schirinzi, ShakinArt, Malvina Tan, The Huddle, Ines Von Bonhorst, Jason Wee.

Проектот е поддржан од Град Скопје, Европската културна фондација „STEP Beyond Grants“, „ORO workshop“, La Kaña Bar, Музичко радио Канал 103 и културниот центар „Kула“.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе