Тхе Мичо и Стеванов во магазинот „Стрип пресинг“

Во најновиот број на српскиот магазин „Стрип пресинг“, кој излезе неодамна, со свои дела се застапени и двајца македонски автори. Станува збор за илустраторот и стрип-автор Михајло Димитриевски-Тхе Мичо од Битола и стрип-сценаристот и хроничар Александар Стеванов од Штип.

Димитриевски, кој и претходно објавувал на страниците од оваа публикација, се претставува со епизода од стрип-серијалот „Вековниците“. Стеванов, пак, кому ова му е дебитантско учество, во овој 21-ви број на „Стрип пресинг“ објавува опширен напис посветен на македонскиот стрип-магазин „Деветка“.

„Стрип пресинг“ излегува од 2001 година, а е во издание на Студентскиот информативно-издавачки центар од Ниш. Негов уредник е Марко Стојановиќ, стрип-сценарист од Лесковац кој е редовен учесник на македонските стрип-манифестации. Покрај Стеванов и Димитриевски, во оваа публикација од деветтата уметност досега објавувале и македонските автори: Александар Сотировски, Оливер Ромевски, Зоран Танев, Никола Темков и др.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе