Teракотните икони од Виница на изложба во Белград

Во Белград синоќа во боемска Скадарлија во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ отворена е изложба на ранохристијанските теракотни икони од Виничкото Кале на Музејот Теракота од Виница.

На изложбата презентирани се 12 копии од уникатните керамички релјефи од 5 и 6 век и осум банери на кои се презентирани 14 мотиви од иконите, кои сведочат за едно длабоко познавање на ранохристијанското учење во Македонија.

„Преку презентација на еден од најзначајните археолошки наоди на Балканот, ранохристијанските теракотни икони, кои се едни од најизложуваните артефакти од Македонија во светот, сакавме и во Белград на најдобар начин да го презентираме и афирмираме македонското културно наследство“, изјави Јулијана Иванова директор на историскиот и археолошки музеј Теракота во Виница.

Таа рече дека со изложбата иконите ќе добијат уште поголема популарност, но и поголем интерес кај научната јавност, бидејќи за нив и после 40 години од откривањето сѐ уште постојат одредени мистериозности во врска со нивната намена и други научни прашања, кои сакаме на одреден начин да ги поттикнеме.

Изложбата на виничките теракотни икони во Белград отворена е во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ и по повод одбележувањето на десетгодишниот јубилеј од формирањето на здружението на Македонци во Белград „Македониум“ .

Синиша Новевски скулптор и претседател на одборот за култура на Националниот совет на Македонците во Србија рече дека последна ваква значајна изложба на Виничките икони одржана е во 1991 година во Белград.

„Конекцијата на оваа изложба е поврзана со еден од најпознатите српски археолози Милутин Гарашанин, кој во 60-тие и 70-тите години почнува помалку да открива од теракотните икони, што како корелација меѓу Белград и Македонија е значајно за оваа изложба.Теракотните икони од Виница се на ист ранг како што се скулптурите од Лепенскиот вир во Србија, Стоунхеџ од Англија. Затоа сакавме  и имавме цел нив да ги преставиме пред белградската публика, сметајќи дека ќе побудат интерес“, рече Новевски.

Изложбата на теракотните икони од Виничкото Кале во Белград ќе трае до 6 декември, а нејзиното отворање го подржаа Министерствата за култура на Србија и на Македонија.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе