Стрипаџиите од Велес на стрип-колонија во Рашка

На брегот на Семетешкото Езеро, во непосредна близина на Рашка, од 3 до 7 август беше одржана меѓународната стрип-колонија Рашка – 2018 на која учествуваа и македонски стрип-уметници.

Стрип-колонијата во Рашка, која по својот карактер е уникатна не само во Србија, туку и во целиот регион, се одржа традиционално, веќе по седми пат. Истата беше во организација на Центарот за култура, образование и информирање „Градац“, Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“, Канцеларијата за млади и општина Рашка. Покрај учесниците од стрип-школите од Белград, Лековац, Никшиќ и од домаќинот Рашка, учество на оваа петдневна манифестација зедоа и претставници од стрип-школата од Велес, што е резултат на меѓународниот ангажман на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес и на неговиот проект-менаџер Томе Трајков.

„По трет пат сум во организацијата на стрип-колонијата во Рашка. Соработката со стриповските уметници од Македонија сите три години е на највисоко ниво“, вели историчарката на уметност Данијела Матовиќ. „Од почетокот се со нас. Со своето несебично знаење и искуство придонесоа да се зацврсти темелот на нашиот настан, а со својата љубезност и добра комуникација со останатите учесници ја направија и атмосферата во Рашка попријатна и потопла. Очекувам дека соработката и во иднина ќе биде продолжена. Македонија има одлични претставници на деветтата уметност кои во најдобро светло ја претставуваат вон нејзините граници.“

Несебично подучувајќи ги младите таленти и откривајќи дел од малите тајни на големите мајстори, свои излагања на колонијата имаа Дарко Стојановиќ и светски познатиот сликар и стрип-автор Петар Меселџија. Предавања одржаа и членовите на некогашната култна уметничка група „Београдски круг 2“, неповторливиот Жељко Пахек и секогаш елоквентниот Бојан М. Ѓукиќ, кој воедно имаше и изложба. А во позначајните имиња, од триесеттината годинашни учесници, се вбројуваат и Владимир Весовиќ, Горан Трајковиќ, Милош Цветковиќ, Илија Никчевиќ и Машан Савељиќ.

Во рамки на колонијата беше промовиран петтиот број на српската стрип-ревија „Рас комик“, во кој меѓу другите е објавен и стрип од 12 страници на сценаристот Александар Стеванов од Штип и илустраторот Дарко Богданов од Виница. А покрај споделените искуства и договорените идни меѓународни проекти и соработки, на маргините на оваа манифестација беше претставен дел од поновата македонска стрип-продукција, вклучително и последните два броја на магазинот „Стрип Креатор“.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе