Во Музејот на Град Скопје

Сто и дваесет графики од графичката работилница „Софија – Богданци“

Сто и дваесет графики создадени од четириесетина млади и талентирани уметници од земјава и регионот во наредните две недели ќе бидат изложени во Музејот на Град Скопје. Станува збор за триеналето на графичката работилница „Софија – Богданци“, кое се одржува по четврти пат.

Делата, направени во различни графички стилови и техники, беа создадени на последните три главни сесии на графичката работилница која традиционално се одржува веќе 12 години, соопшти Софија Семенпеева од „Ефектива“.

„Графичката работилница „Софија – Богданци“ претставува извонредна можност за реализација на креативните можности на младите ликовни уметници, кои ја негуваат културата на графиката и графичкиот лист и воедно да реализираат напредни истражувања во нивните креативни изрази. Воедно, работилницата нѝ дава за право да кажеме дека преставува една од неколкуте институции во државата која вистински се грижи за афирмација на графиката како автономна уметничка дисциплина, но и рамноправна со останатите ликовни дисциплини“, рече професорот Тони Васиќ, кој беше ментор на работилницата во 2017 година.

Пред присутните се обратил и националниот координатор за развој на култура во Владата, Роберт Алаѓозовски кој порачал дека графичката работилница во Богданци е успешен пример за соработка на добрите културни иницијативи со бизнис секторот и е модел кој треба да се следи, со цел „европеизација“ на македонскиот културен систем.

„Работилницата постои од 2008 година и ја докажа својата независност и одржливост со тоа штодесетина години се одржува самата себеси. Резултатите се импозантни.Во таа смисла велам, токму овој модел до којшто тие дошле е модел којшто ние радо би го пофалиле и би го вклучиле во идното спроведување на нашите културни политики и би инсистирале да продолжат понатаму уште посилно да се поврзуваат со бизнис заедницата“, истакна Алаѓозовски.

Организатор на работилницата е Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, а главен поддржувач на настанот е Печатница „Софија Богданци“, како и Министерството за култура. На работилницата до сега имаат учествувано над 200 уметници од академиите во Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Осиек, Љубљана, Варшава, Солун,  Сараево, Софија и Скопје, се наведува во соопштението.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе