Статуафест во Скопје – фестивал за живи статуи

На 17 и 18 септември ќе се одржи уличниот уметнички фестивал за живи статуи и останатите-  Статуафест - Скопје на улицата Македонија во Скопје. Фестивалот е под покровителство на Град Скопје, а дополнителна поддршка дава и Театарот за деца и младинци. Организатор на фестивалот е Зружението на граѓани ТимТеатросК - Театроск.

Ова е петти јубилеен Статуафест кој Teaтроск го поставува на улиците на Скопје. На овогодинешниот фестивал, како и минатата година ќе настапуваат исклучиво домашни артисти од причина што основна цел на театарската компанија за улична уметност е да се создаде пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали. Некои од артистите се веќе познати, но се појавуваат и дебитанти. Интересот за овој вид уметност расте од година во година.

Темата на овогодинешниот Статуафест - Другото лице на улицата е „Скопје на улица“ односно што сѐ прават скопјани во текот на едно деноноќие движејки се забрзано или пак бавно низ улиците на нашиот град. Во преносна смисла Статуафест ќе биде огледало на самите нас, какви сме всушност.

Фестивалот почнува во 18,30 часот.

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе