Современа македонска фотографија на фестивалот „Фотори“ во Ријека

Во рамките на десеттото јубилејно издание на фестивалот на фотографија „Фотори" што се одржува во Ријека вечерва пред хрватската публика ќе биде претставена современата македонска фотографија со три изложби: „Актуелен момент во македонската фотографија" која е избор на дела на триесетина македонски современи автори, изложба на Боро Рудиќ и на Кирил Штрков, соопшти Фото сојуз Македонија.

 

Сите три колекции ќе бидат изложени во просториите на „Државниот архив на Ријека“.

„Фотори“ е Ријечки фестивал на фотографијата во организација на Фото клуб Ријека, во чиј оквир се одвиваат низа збиднувања од областа на фотографијата како предавања, изложби, работилници, средби со автори и фотографска литература, демонстрација на фотографска опрема и прибор итн. Сите заинтерсирани на кои фотографијата им е професионално определување, или пак хоби можат да земат учество и нема никакви ограничувања во поглед на возраста, се наведува во соопштението од Фото сојуз.

Идеен и духовен лидер на манифестацијата е Борислав Божиќ.

Вечерва, во 19 часот, во галеријата на Државниот архив во Риека, ќе се отвора изложбата на фотографии на Боро Рудоќ насловена „Копнеж по светло“. Изложбата се состои од 52 црно-бели фотографии (снимени на филм) и видео проекција (под ист наслов) за која текстот го напиша проф. д-р Ферид Мухиќ.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе