Со проектот „Сега“ отворен македонскиот павилјон на Биеналето во Венеција

Куратори на проектот се архитектот Бекир Адеми и универзитетскиот професор Јордан Шишовски, а покровител на изложбата е Министерството за култура.

Проектот „Сега" ја зема предвид состојбата на итност за промени во општеството и открива два аспекта на просторно-временското суштествување – потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината. Концептот е дрвена композиција составена од дрвени елементи меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура, архетипизирана рамка, асоцијација на куќа, дом и засолниште.

По повод отварањето на павилјонот, со видео порака се обрати министерката за култура Ирена Стефоска која порача дека македонските уметници ја имаат целосно нејзината поддршка и им посака проектот да привлече големо внимание.

„Погледот на креативниот свет во моментов е насочен токму кон Венеција. Македонскиот павилјон го краси вашата визија која, повторно ќе речам, убедена сум дека го дава одговорот на тематското прашање на ова биенале: „Како ќе живееме заедно?“, рече Стефоска.

На отворањето на македонскиот павилјон се обрати и Матео Росати, претставник на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција, кој посочи дека не е првпат канцеларијата на УНЕСКО да биде домаќин на националниот павилјон на Северна Македонија во рамки на Биеналето во Венеција и нагласи дека годинашната изложба е првиот голем меѓународен културен настан повторно отворен за време на пандемијата.

Комесарот на проектот, Дита Старова-Ќерими го оцени денешниот настан како ретка можност за достоинствено претставување на земјава на една од најпрестижните манифестации која традиционално се одржува во Венеција.

„И покрај светската пандемија која на глобално ниво ни донесе многу општествени промени, истрајноста не охрабри и донесе да покажеме дека имаме проект кој коренспондира на прашањето „Како ќе живееме заедно”, истакна Ставрова-Ќерими.

До крајот на ноември, архитекти и ентузијасти од целиот свет во Венеција ќе ги претстават своите дела. 17-то Венециско биенале на архитектурата се случува со одложување од една година, заради поместувањата кои ги предизвика Ковид-19. Организацијата на традиционалните локации Џардини, Арсенале и останатите локации низ Венеција е на највисоко ниво и според ковид-19 протоколите, а посетителите со во значително намален број. Годинава, Биеналето вклучува 112 учесници од 46 земји, со делегации од Африка, Латинска Америка и Азија и со широко женско претставување. Македонија во континуитет од 2004 година се претставува на оваа најпрестижна манифестација. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе