ПЕРФОРМАТИВНА УМЕТНОСТ

Со огнени рефлексии Игор Јосифов го разоткрива процесот на себеистражување

По учеството и перформансот на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), а пред претставувањето во Чикаго, САД, мултимедијалниот уметник Игор Јосифов во Скопје ќе ја постави својата самостојна изложба со наслов „Континуум“ (Continuum), која ќе биде отворена на 14 декември во Младинскиот културен центар, со почеток во 20 часот.

На изложба „Континуум“ уметникот Игор Јосифов премиерно ќе ги презентира уметнички дела кои подоцна ќе бидат изложени во „Defibrillator Performance Art Gallery“ во Чикаго, САД, каде што ќе се заокружи оваа уметничка целина.

Преку делата на „Континуум“ Јосифов презентира десетгодишно истражување, размислување и можностите што огинот како алатка во уметничките перформанси ги овозможува за транформација. Изложбата ќе содржи уметнички дела на хартија, платно, инсталации, уметнички филмови кои го презентираат неговото творештво и креативен процес.

Проектот „Континуум“ претставува инспирација од неговиот мултимедијален проект „Untie“, но вродува нови обемни уметнички дела кои премиерно ќе бидат прикажани во МКЦ.

Проекцијата на филмовите на Јосифов ќе се одржи истата вечер, на 14 декември, со почеток во 21.30 часот, во кино „Фросина“, по отворањето на изложбата.

Хана Регев, која беше куратор на „Дада, сега и овде“ на Интернационалниот уметнички фестивал во Сан Франциско 2016 година, каде што Јосифов се претстави со „Untie“, при рецензијата за неговото дело запишува дека тој поставува егзистенцијално прашање за слободата и балансот.

„Со ’Untie‘, уметникот ги евоцира многуте битки и прикажува една континуирана линија од дадаистичките почетоци, до прославата на стогодишнината на ’Дада, тука и сега‘, која оддава почит на раните дадаистички пионери кои се бунтуваа против опресивната уметничка крутост, во уметноста и во секојдневното општество. ’Untie‘ е моќен симбол на принципот на јадрото кое се дели од страна на уметници и граѓани кои ja окупираат глобалната сцена“, рецензира Регев.

„Огнената рефлексија е актуелен процес на моето патување за себе-истражување и слобода низ проектите како ’Manumission‘, ’Taming Fire‘, ’Burning Words‘, ’Wit-ness‘ and ’2-dimensional‘“, вели Игор Јосифов.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе