ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА

Слики со стремеж за бегство од конвенционалноста и суровата реалност

Во културниот центар „П60“ во Амстелвен, Холандија, синоќа била отворена изложба на македонскиот сликар Ѓоко Ризов. На изложбата се презентирани 12 дела од неговата работа, направени во техника масло на платно, а истата била посетена од бројни љубители на уметноста од Холандија и предизвикала голем интерес кај тамошната публика.

Изложбата ја отворил македонскиот амбасадор во Холандија, Н.Е. Игор Попов, кој за Ризов истакнал дека е особено талентиран македонски сликар, кој инспирацијата ја црпи од секојдневието, луѓето и сите нешта кои секојденевно не опкружуваат, видени од поинаква перспектива.

Преку сликите, Ризов директно и безкрупулозно ја поставува асиметричноста и хаосот како културолошки феномен на опсервација. Тоа е очигледно не само во композицијата на сликата, туку и во креирањето нестандардни форми од рамки или слика во слика со тридимензионални елементи.

Сето тоа го означува стремежот за бегство од конвенционалноста, суровата реалност, стереотипноста, како отпор кон придржување на традиционалните форми на создавање уметност, а наместо тоа тој создава нови светови во кои токму таа реалност е поинакво и поубаво место за живеење.

Особено интересен циклус кај Ризов е еко-тридимензионалната слика, која ја создава како спој на колажни техники од масло на платно и елементи од природата. Ваквата слики доминираат во просторот, со импресивниот спој на камења, дрва, стакло, метал, со силни пастелни бои кои ја дополнуваат изразноста на чувството.

Изложбата била посетена и од бројни претставници од јавниот и културен живот на Амстелвен и истата ќе биде отворена до први април 2017 година.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе