Скулптура на Никола Смилков дел од уметничкото биенале на Зимските олимписки игри во Пекинг

Скулптурата „Копнеж“ на познатиот македонски скулптор и универзитетски професор Никола Смилков ќе биде изложена на Интернационалното уметничко биенале, кое е дел од културните активности на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг.

Смилков за МИА вели дека неговото дело е селектирано за учество на престижното 9-то Интернационално уметничко биенале во Пекинг, што ќе се одржи од 18 јануари до 1 март 2022 година. Посочува дека Меѓународното уметничко биенале во Пекинг е настан кој традиционално се одржува, а оваа година сегмент од уметничкиот дел на одбележувањето на Зимските олимписки игри.

„Моето дело „Копнеж“ беше избрано во строгиот селекциски процес од неколку селекциони нивоа. За мене претставува посебно задоволство и чест да бидам дел од ваква значајна манифестација. Делото ми беше понудено да го оставам во  трајната колекција на биеналето, што ќе остави траен белег на ова остварување и уметничко претставување, мое и на мојата земја“, вели Смилков.

Инаку, скулптурата „Копнеж“ е изработена годинава од бронза. Смилков годинава во конкуренција на 78 уметници од 20 земји, ја освои Гран при наградата во Будва. 

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе