Скулпторот Џезаир Реџепи на Гостивар му подари скулптура

Скулптура во метал, дело на гостиварскиот уметник Џезаир Реџепи, од денеска ќе стои на левиот брег на Вардар во Гостивар. Ова дело со висина од речиси пет метри стана сопственост на општина Гостивар по потпишување на меморандумот помеѓу локалната самоуправа и авторот.

На церемонијата за откривање на скулптурата, наречена „Метафора на слободата", присуствуваа повеќе уметници од градот. За идејата да го подари ова дело, Реџепи рече дека со ова сака да поттикне други автори да прават уметнички дела за отворен простор.

„Иако во Гостивар има многу уметници, сепак нема многу уметнички дела на отворен простор. Сметам дека со уметност се облагородува просторот во кој престојуваме, особено кејот на Вардар и тој да стане своевидно уметничко катче“, рече Реџепи.

Изработката на скулптурата финансиски е поддржана од Министерството за култура, а авторот ја работеше една година.

Благодарност во име на локалната власт и граѓаните искажа претседателот на Советот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.

„Ова е еден гест со кој се создава попријатен амбиент за гостиварци, но и подигање на културното ниво. Посакувам ова да биде мотив и за други уметници да творат слични проекти“, рече Лимани.

Џезаир Реџепи е дипломиран скулптор на Државниот универзитет Тетово и е вработен во Конзерваторскиот центар во Гостивар. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе