Графички дизајн

Скопје постер фестивал ги објави победниците на конкурсот „Вештачка реалност“

На јубилејниот 10. Скопје постер фестивалски конкурс за студентски плакат на тема „Вештачка реалност“ пристигнаа плакати од 68 држави ширум светот. „Се повеќе факултети се заинтересирани за воведување на Скопје постер конкурсот во рамки на своите наставни програми, а забележан е и зголемен интерес за изложување на плакатите“, велат од Скопје постер фестивал.

Комисијата за доделување на наградите беше составена од пет меѓународни членови: Алис Твемлоу (Велика Британија), Лекс Древински (Полска), Лех Мајевски (Полска), Свен Сориќ и Хрвоје Спудиќ од дуото „This Town Needs Posters“ (Хрватска), Лазе Трипков (Македонија). За претседател на жирито беше избран Реза Абедини (Иран). По четиричасовното жирирање комисијата ги додели десетте награди.

Добитници на две главни награди од ист ранг се Јакуб Собчак (Полска) и Дарја Грекова (Русија). Специјалната награда од жирито беше доделена на Шаро Лехофер (Унгарија), а специјалната награда за македонски плакат ја доби Анастасија Јовческа.

Почесни признанија добија Паскал Бежин (Канада), Каролина Лубашко (Полска), Емоке Питер (Унгарија), Јин Веи (Кина), Павел Головиј (Полска), Пиотрек Пиетшак (Полска).

Во гранд-финалната изложба на 100-те финалисти од 10. Скопје постер фестивал учествуваат плакати на 100 финалисти од над 20 земји, меѓу кои и 4 дела на македонски автори.

Фестивалските денови содржеа презентации и дополнителни консултации за учесниците на работилниците од реномираните предавачи на следните теми: „Калиграфија и плакат“ под менторство од Реза Абедини и „Знаци и предупредувања – Lex is More“ предводена од Лекс Древински.

Заклучок од панел-дискусијата на тема „Дизајн за социјална инклузија“ со учество на министерот за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска, заменик постојаниот претставник на УНДП, г-ѓа Нарине Сахакјан и заменик шефот на Амбасадата на Швајцарија, г-дин Стефан Томаџиан, е дека дизајнот може и треба да влијае врз подобрување на квалитетот на живеењето на луѓето со посебни потреби и маргинализираните групи. На Дизајн-конференцијата на тема „5 искуства за успешен графички дизајн“ гостите на јубилејниот 10. СКПФ претставија примери како да се биде успешен графички дизајнер и беа претставени различни стилови на работа и делување во светот на дизајнот.

Изложбата на плакати во Музеј на град Скопје ќе биде поставена до 01 декември. Освен главната изложба во Музеј на град Скопје, може да се посетат поставките на Современ македонски плакат (Twins), Специјална селекција на дела од жирито (Four Restaurant).

Како последна од низата јубилејни настани, на 20 ноември, во 21 часот, во „Брик Бар“, ќе биде отворена изложбата на дела од 20 учесници на гореспоменатите работилници, известија од Скопје постер фестивал.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе