ДЛУМ

Шќипе Мехмети ја доби наградата Гран-при на 17. Зимски салон

Младата графичарка Шќипе Мехмети ја доби наградата Гран-при на 17-тиот Зимски салон на ДЛУМ, кој на тема „Спектрални места“ беше отворен на 16.02.2018 во Националната галерија на Македонија – објект Чифте Амам.

„Наградата Гран-при се доделува за професионалната изведба и смелиот пристап во ликовната тема блискост на човечки средби. Во најдобрата традиција на преиспитување, кршење и надминување табуа, уште од зрелиот модернизам, налик на ликовните фигуративни остварувања на Макс Бекман, награденото дело на Шкипе Мехмети, изработено во класична графичка техника на длабок печат, ни носи спектрален момент предизвикан од надминувањето на границите.

ДЛУМ-овата награда за ова графичко дело, јасно говори дека класичната изработка се наметнува со својот современ пристап и свежина, паралелно со остварувањата на ликовните дела во новите медиуми и технологии кои во современата уметност денес сѐ повеќе привлекуваат внимание“, напиша во своето образложение Никола Шуица, селектор на 17-тиот Зимски салон на ДЛУМ.

Наградата Гран-при, која ја овозможува Министерството за култура, обезбедува престој во ателјето „Citѐ des Arts“ во Париз, Франција.

На изложбата учествуваат 39 домашни автори, меѓу кои и уметниците Вана Урошеви и Зоран Тодовиќ, Исмет Рамиќевиќ, Тања Балаќ, Ангел Миов,Ирена Паскали, Катерина Таневска, Филип Фидановски, како и 11 автори од странство, меѓу кои Дерек Огбурн од Велика Британија, Андреа Иса од Германија, Иштван Хоркаи од Унгарија, Мерцедес Братош од Хрватска, Марија Ќалиќ од Србија и други.

Зимскиот салон на ДЛУМ ќе може да се посети до средината на март во објектот Чифте Амам при Националната галерија на Македонија.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе