ФОТОИЗЛОЖБА

„Shhh... Гола сум!“ на Марина Трајковска докажува дека голото женско тело не е порнографија

Посетителите на Охрид, на 15 август (вторник) во Objectif bar, од 20 часот, ќе имаат можност да ја видат несекојдневната изложба на фотографии со наслов „ Shhh... Гола сум!“ на Марина Трајковска. Изложбата ќе биде од отворен карактер, а гостите ќе ги забавува Dj Nasty Deluxe, кој зад себе има интернационална кариера.

Изложбата на фотографии „Shhh... Гола сум!“ на Марина Трајковска е со мото „Види Тишина. Слушни Тело. Купи Слика“. За Трајковска, која се занимава со филм и фотографија повеќе од пет години, ова ќе биде прва самостојна изложба. Таа е апсолвент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек театарска и филмска драматургија.

„Женското тело како голо тело многу пати е и злоупотребувано; ’продавано‘ за ситни пари. Овие слики зборуваат за она што се молчи, зборуваат за несовршеноста на совршената креација, за онаа невидлива енергија која е материјализирана во едно тело. Голото тело не е порнографија, тоа е најчистата форма, ова е најсуптилно заведување“, вели Трајковска за инспирацијата за својата изложба.

Марина Трајковска е редовен учесник и на меѓународни филмски фестивали. Меѓу другите ангажмани, таа неколку години ги потпишува и бекстејџ-видеата на „Моден викенд Скопје“.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе