Шеста година по ред - почнува Скопје фото недела

Скопје Фото Недела (Skopje Photo Week) шеста година по ред ги обединува сите фотографи и видеографи од Македонија и регионот да ја раскажат својата приказна и да ги унапредат своите вештини. На 1 - 2 декември повторно виртуелно.

Предавачи за време на дводневниот настан ќе бидат Владо Ѓоргиев, Орце Поповски, Душан Кардалевски и Ани од фотографското дуо Ани и Дими.

„Имате директната можност да учите од најдобрите фотографи и уметници од своите полиња на дејствување и да дознаете кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постоечките. Разменуваме искуства, прошируваме познанства и градиме нови пријателствата. За време на видео сесиите, кои ќе бидат достапни на Фејсбук страницата, ќе ја имате можноста за поставување на прашања, кои ќе ви бидат одговорени од предавачите.

Скопје е град познат по својата разноличност, шареноликост и е град на контрасти. Огромен број фотографии се случуваат секој ден на неговите улици и во неговите паркови, мемории уловени во дигитален формат. Тие ја раскажуваат приказната за душата на градот и луѓето кои живеат во него“, велат организаторите.

Скопје фото недела е шести по ред настан во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент (Полска), кој се одржува традиционално секоја година. Претходно беше под името ISPV - International Summit of Photographers & Videographers, од 2020 година е со ново име и концепт - Skopje Photo Week (#SPW).

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе