ДЛУМ

Шест ликовни уметници добија награди на изложбата „Мал формат 2016“

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) во соработка со Културно-информативниот центар (КИЦ) од Скопје, ја организираше традиционалната изложба „Мал формат“, која е поставена во галерискиот простор на КИЦ во Скопје. На изложбата се претставени повеќе од 50 автори – членови на ДЛУМ од цела Македонија.

На изложбата „Мал формат“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија беа доделени награди од областа на сликарството, графиката и скулптурата, додека од страна на Културно-информативниот центар, исто така, беа доделени три награди: „Вангел Коџоман“, „Адем Кастрати“ и „Константин Мазев-Коце“.

Од страна на ДЛУМ наградите се доделени на Христина Зафировска за сликарство, Мирослава Цветковиќ за графика и Горан Смилков за скулптура.

КИЦ ја додели наградата „Константин Мазев-Коце“ на Мирјана Масети, наградата „Вангел Коџоман“ на Љупчо Бојаров и наградата „Адем Кастрати“ на Агрон Абдули.

Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив е да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе