„Сертификат за кафе“ - изложба на Башким Меџити

На 19 октомври во мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски универзитет, Башким Меџити.

 Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина (Косово), каде и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, остварил над петнаесетина самостојни изложби во државата и странство. Бил прв претседател и еден од иницијаторите за формирање на Здружението на ликовни уметници „Draudacum” од Гостивар, основач на Факултетот за ликовна уметност при Државниот тетовски универзитет. Активно се бави со сликарство и скулптура.

Во Мала станица ќе се претстави со триесетина дела од последниот циклус на слики во техника акрил на платно изработени во текот на оваа година. Апстрактниот експресионизам е правецот во кој го реализира ликовниот израз. Случки од природата, урбаната средина и пејзажите ги пренесува во тоналитет на јарки бои, до смирена бела и контрастна црна.

Изложбата е насловена „Сертификат за кафе” заради триптихот кој е создаден во доба на глобалната пандемија. Изложбата ќе ја  отвори директорката на Националната Галерија д-р Дита Старова Ќерими. Кустос на изложбата е Маја Крстевска

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе