Самостојна изложба на Никола Смилков во Сплит

Универзитетскиот професор и уметник Никола Смилков со самостојна ликовна изложба на скулптури „Emocionalni pokreti/Emotional movements“ ќе се претстави во Сплит, Република Хрватска.

Изложбата ќе биде отворена вечер во просториите на Француската алијанса во Сплит, во организација на Хрватско – француското здружение и Министерство за култура.

Никола Смилков е роден во 1973 година во Штип. Во 1999 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, каде во 2002 година магистрирал во областа вајарство во класата на проф. Драган Попоски – Дада. Докторирал во 2012 година на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во областа Методика на ликовното воспитание. Тој е редовен професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Учествувал на повеќе меѓународни симпозиуми во рамки на кои реализирал монументални скулптури и групни изложби во Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Турција и Индија.

Добитник е на наградата за скулптура „Димо Тодоровски“ од ДЛУМ во 2008 година и во 2017 година. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе