Самостојна изложба на Љупчо Бојаров во Велес

Самостојната изложба на академскиот сликар Љупчо Бојаров вечер, во 19 часот, ќе биде отворена во Народниот музеј во Велес. Публиката ќе може да ги погледне ликовните дела на Бојаров изработени во мал формат од 1985 до 2019 година.

Делата се изработени во повеќе ликовни техники: масло на платно, цртежи, линорез во боја графика, дрворез графика и објекти. На изложбата ќе бидат прикажани ликовни истражувања на симболи и знаци изработени во поседниве три децении. Искуството од истражувањето во повеќе ликовни техники ќе биде претставено на четирисетина дела.

Љупчо Бојаров е роден на 16 август 1959 година во Скопје. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1978 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1984 година. Член е на ДЛУМ од 1984 година. Живее и работи во Скопје.

Добитник е на повеќе награди, во земјава и во Шведска, Италија, во поранешна Чехословачка. Досега имал повеќе самостојни изложби и учествувал на меѓународни изложби во нашата држава и во Србија, Шведска и Црна Гора. Бил дел од групни и меѓународни групни изложби во нашата земја и во Србија, Црна Гора, Чехословачка, Унгарија, Словачка, Шведска, Англија, Франција, Америка, Грција, Египет, Италија и Бугарија.

Изложбата ќе биде отворена до 16 овој месец. 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе