Самостојна изложба на Јана Луловска „Natura in Vita/Vita in Natura“

Самостојна изложба на Јана Луловска со наслов Natura in Vita/Vita in Natura ќе биде отворена денеска во Националната галерија на Македонија.

Изложбата се состои од фотографски документарни архиви од животот и работата на село, широкоаголна пејзажна фотографија (сите фотографии трансферирани, во зависност од циклусот, со експериментални методологии на разновидни основи, со цел да му даде на овој медиум друга, поконцептуална и посовремена димензија), звучна инсталација, мирисна семантика и самоодржлива зелена градина во затворен простор и сето тоа зачинето со аспектот на интеракција, т.е. партиципација, во кој и самиот реципиент на визуелниот проект, се чувствува дека придонесува во целата наратологија.

Со овој проект, Луловска става акцент врз илузиите на денешницата – т.е. дека ја гледаме природата како изолиран ентитет. Односот меѓу човештвото и природата е многу покомплексен и нивната динамика се менувала низ вековите.

Јана Луловска е мултимедијален уметник. Завршила додипломски студии на Националната академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов”, во Софија, Бугарија, специјализација уметничка и применета фотографија. Имала самостојни изложби во земјава, Бугарија, САД и учествувала на повеќе групни изложби во Македонија, САД, Бугарија, Грција, Белгија, Италија, Хрватска. Учествувала на интернационални резиденции и креативни работилници во државата и странство. Во својата работа Луловска се фокусира на темите феминизам, екологија и природа, слободно изразување/граѓанско општество, психологија, емоционалност, перцепција, свесност, култура, филозофија, наука. Во моментов таа работи на женското наследство, животна средина/екологија и инклузивност.

Проектот е финансиски поддржан од Министерство за култура на Република Македонија. 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе