„Самогласки во лет", изложба на Кристина Зимбакова во Солун

Самостојна ликовна изложба од Кристина Зимбакова насловена „Самогласки во лет" денеска ќе биде отворена во Универзитетот „Аристотел" во Солун, Грција. Ликовната изложба се одржува во рамките на меѓународниот симпозиум „Силвија Плат и трансатлантицизмот" и ја сочинуваат слики поттикнати од творештвото и писмата на Плат – клучна американска поетеса на дваесеттиот век.

Делата се создадени во последниве години, во комбинирана техника на платно и на хартија од габи рачно изработена од авторката. Куратор на поставката и организатор на настанот е проф. Емили Вандајн од САД, која е Фулбрајт гостувачки професор на Универзитетот „Аристотел".

Во творештвото на Кристина Зимбакова се испреплетени сликарството, поезијата и природните науки. Делата се симболични и фигуративни,  а габите и лишаите се најкарактеристичен медиум. Изложувала во земјава, Европа и во САД.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе