УМЕТНОСТ НА БИЛБОРД

Работите што ги оставаме за подоцна еден ден ќе се појават на билборд

Осум уметнички решенија од 28 октомври ќе бидат поставени на билборд-локации низ градот Скопје, како дел од најновото издание на проектот „Уметност на билборд 2", во организација на Институтот за уметност и култура „Арс акта" од Скопје.

Поради успехот што го доживеа овој иницијален проект во 2012 година со својата прва изложба, „Арс акта“ одлучи да го продолжи овој концепт во континуитет, секогаш со нов дискурс за визуелна комуникација и со поинаква методологија при селекцијата на авторите.

Темата на годинашниот настан е со наслов „Прокрастинација“. Станува збор за појава што се објаснува како еден вид однесување кое се одликува со одложување на некоја акција за подоцна, а тоа подоцна се одложува во недоглед. Целта на Институтот „Арс акта“ со изборот на оваа тема е да се проникне во суштината на оваа појава, како мошне чест феномен во македонското современо живеење, преку импакт врз актуелната уметничка сцена, а за таа цел го користи како медиум форматот на билборд-плакат.

„Оваа општочовечка особина, сепак, ја согледуваме како една вткаена и веќе нашироко распространета постапка кај нас во Македонија, па затоа локалната оправданост за изборот на концептот нѐ доведе до разгледување на минатото и креирањето на идентитетот согледани преку себереференцијалноста, нивото на свесност, односот кон перфекционизмот, филозофијата на малите народи и сл. Потоа, како можни причини за појавата на прокрастинација се наметнуваат неминовно и социо-општествените услови во Македонија, фамилијарната меѓузависност, несистематичноста, едукацијата, воспитувањето, политичкото уредување, еднопартискиот ситем, плурализмот, слободата на говор, стигматизацијата, авто-цензурата“, објаснуваат од тимот на „Арс акта“.

Од институтот „Арс акта“ ја предложиле начелната идеја, додека куратори на концептот се Бојана Јанева-Шемова и Ана Франговска. На овој проект се поканети девет македонски афирмирани куратори (како ко-куратори на „Арс акта“) избрани со цел да дадат индивидуален  одговор на предложениот концепт со избор на еден автор со едно дело.

Учесници на проектот „Прокрастинација – Уметност на билборд 2“ се: Соња Абаџиева (ко-куратор) - Зоран Георгиев (уметник); Ивана Васева (ко-куратор) - Филип Јовановски (уметник); Билјана Исијанин (ко-куратор) - Мирна Арсовска (уметник); Владимир Јанчевски (ко-куратор) - Игор Тошевски (уметник); Мелентие Пандиловски (ко-куратор) - Лучезар Бојаџиев (уметник); Нада Прља (ко-куратор) - Велимир Жерновски (уметник); Маја Чанкуловска-Михајловска (ко-куратор) - Ирена Паскали (уметник); и „Арс акта“ (Ана Франговска, Бојана Јанева-Шемова - куратори) - (Радмила Ончевска, Борис Шемов, Игор Сековски - уметници).

Институтот „Арс акта“ подготви и мапа на локациите на уметничките билборди и уметничките решенија, со цел граѓаните на Скопје полесно да стигнат до информацијата за поставеноста на одредени билборди.

Т.Д.

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе