ГРАФИЧКО ТРИЕНАЛЕ

Работилницата „Софија“ од Богданци носи сто уметнички дела од 40-тина уметници во Скопје

Во Музејот на град Скопје на 15 декември, во 19.30 часот, ќе биде отворена третата триенална изложба на Графичката работилница „Софија“ Богданци. На отворањето ќе говорат истакнатиот македонски графичар, професорот Костадин Танчев - Динка, кој воедно е и претседател на Советот на графичката работилница, и новинарот и филмски критичар, Евгенија Теодосиевска.

Во наредните седум дена во Музејот на Град Скопје ќе се одржи триеналната изложба на Графичката работилница „Софија“. На изложбата ќе бидат поставени повеќе од сто уметнички дела од четириесетина уметници, создадени на главните сесии на работилницата во последните три години. Станува збор за дела изработени во сите графички техники од страна на уметници од ликовните академии во Белград, Нови Сад, Загреб, Љубљана, Сараево, Софија и Скопје.

Станува збор за трета триенална изложба на Графичката работилница „Софија“, која е единствена од ваков вид во Македонија и веќе девет години традиционално се одржува на крајот на август и почетокот на септември во просториите на печатницата „Софија“ во Богданци. До сега низ неа продефилираа над 150 графичари од целиот регион, а улогата на ментори ја имаа универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Од Здружението на граѓани „Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на работилницата, велат дека нејзината цел е на младите и талентирани автори да им се овозможи размена на искуства и можност за реализација на нивните дела, бидејќи поради условите во кои се работи, графиката како техника е помалку застапена во целиот регион.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе