Прва самостојна изложба на Марија Ќурчиева

Во МКЦ  (Галерија 2, горно фоаје), денеска со почеток од 19 часот ќе иде отворена првата самостојна изложба на Марија Ќурчиева насловена „Движење“.

„Движење“ е прва самостојна изожба на Ќурчиева со која преку визуелната уметност го покажува внатрешното движење изразено преку малите детали од секојдневниот живот.

Таа учествувала на ликовна колонија во рамки на своето основно образование. Го продолжила образованието во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, каде што сѐ уште е ученик (отсек сликарство).

Покрај формалното образование Марија е член на „Ателје 49“ од 2013, првично како ученик со стипендија, а од 2018 како подучувач на деца од предучилиштна возраст. Во текот на нејзиниот сликарски ангажман учествувала на проектот “Creative minds of the world” (меѓународен проект) каде што во конкуренција на околу 2000 уметници од целиот свет била избрана во првите 200, кои ќе влезат во каталогот од проектот. Во рамки на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ и „Ателје 49“ учествувала на групни изложби.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе