Демир Хисар

Прва изложба на уметникот Перица Георгиев - Пепси во Македонија

Во рамки на манифестацијата „Демир Хисар - град на култура 2018" вечер во фоајето на Домот на културата во Демир Хисар ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Перица Георгиев - Пепси.

На изложбата ќе бидат прикажани 20 слики од мал формат без одредена тематска  определба. 

„Експресивни  по  употребата  на  боите  и  апстрактни  по  содржина  каде предметното  е  сведено  на асоцијативно  препознавање.  Некои  од  изложените  дела наликуваат  на  имагинарни  пејзажи  од  галактичкиот  простор,  некои  пак  на  пејзажи  произлезени од бајките насликани во виолетово и златно во кои проблеснува нетварнатасветлина, додека пак некои се движат кон чиста апстрактност“,  вели Јасмина Котевска историчар на уметност.

Перица Георгиев - Пепси е роден во Скопје 1957 година. Завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје во 1987 година. Член е и еден од главните подвижници на уметничката група „ЗЕРО“ активна во средината на 80. година на македонската уметничка сцена. Сега живее во Бугарија и ова е негова прва самостојна изложба во Македонија. Изложбата ќе биде отворена до 1 октомври. 

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе