„Проткаени сеќавања“, изложба на скулптури на проф. д-р Слободан Милошески

Во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија задутре (20 август) во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Проткаени сеќавања" од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од дела во мал формат, создадени со примена на различни техники и материјали. Изложбата ќе може да се види до 30 август.

Македонскиот скулптор Слободан Милошески се решава во овој серијал на скулптури да го истакне значењето на скулптурите од мал формат. Според него, евидентно е дека малиот формат е многу посебна мерка и критериум во достигнувањето на креативните можности на еден автор. Во неговата работа тој користи едноставни геометриски форми и индустриско-импровизирани материјали за создавање дела од различити размери. Неговите скулптури даваат импресија на строгост и рационалност која се потпира врз однапред подготвени постулати и логично артикулирани замисли.

Иако скулпто користи геометриски цврсти форми во скулптурата, сепак крајниот импакт не е тврд или статичен. Всушност, кога ги гледате неговите скулптури од неколку агли, тие не оддаваат впечаток на совршена поставеност. Покрај нив се добива чувство на вибрирачко движење и тактилност која доаѓа од нагласените прави линии и мрежи, и тоа во повеќето негови дела. Ваквата „конструкција" на овие скулптури им дава човечки аспект и духовна страна. Очигледно е дека уметникот ја реализирал неговата основна замисла – делото да биде „спроводник за духовни работи".

Слободан Милошески работи методички низ концентрирана перцепција и манипулација со формата. Најпрво започнува со форми кои се произволни и низ процес на трансцендентална имагинација ја дефинира формата како крајна дестинација. Бојата е секундарна – се користи за истакнување на структурата на формата. Завршниот впечаток се комплетира со диригиран веризам, необична текстура, профилиран материјал и неочекувана трансформација на идеалната форма, вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура".

До сега има реализирано 24 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 70 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 15 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул" доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски" доделена од ДЛУМ во 2014год, Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020год. и нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески" доделена во 2021год.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар", скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе