ВО БУДИМПЕШТА

Просторна инсталација на Марија Христовска Стевковска и Ѓорѓе Јовановиќ е дел од фестивалот „Сигет“

Архитектката Марија Христовска Стевковска и ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ на овогодишното јубилејно 25. издание на еден од најголемите европски музички фестивали, „Сигет“ во Будимпешта, изработија архитектонско - скулптурална инсталација „Pleasure letters“ (Букви за уживање).

Инсталацијата функционира и како уметничко дело и како дел од забавните содржини на фестивалот. Таа претставува собиралиште на посетителите и вклучува различни содржини. Иницијалната идеја произлегува од користењето/играњето со буквите од името на фестивалот. Секоја буква е пресоздадена во објект/ простор за различни активности: одмор, дружење, интерактивно фотографирање, игра итн. Изработени се шест објекти со вкупна должина од 25 метри. Изработени се од различни материјали: метал, дрво, пластика, дигитални отпечатоци со цел да одговараат на различни намени.

Инсталацијата е дел од програмата на фестивалот „Art of freedom“ која им овозможува на младите креативци да ги презентираат своите идеи и таленти.

Фестивалот „Сигет“ се одржува од 09 до 16 август. Минатата година го посетиле околу половина милион посетители, а годинава главни ѕвезди на музичката програма се PJ Harvey, Rudimental, The Kills и многу други. Изминатите години и македонски музичари учествувале на фестивалот, а ова е прв пат македонски визуелни автори да добијат можност да се претстават во рамки на ликовната програма.

Проектот на Христовска Стевковска и Јовановиќ беше избран на конкурсот на фестивалот „Сигет“, во февруари. Буквите објекти се изработуваа изминатите неколку месеци во Скопје и Охрид со поддршка на фирмата специјализирана за изработки од метал „Урбана оаза“, фирмата за изработка на мебел „Форма“ и на студиото за печатење и графички услуги „ПроМедиа“.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе