Промоција на новиот број на списанието „Големото стакло“

Промоција на новиот број на списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло" ќе се одржи вечер во Музејот на современата уметност – Скопје.

Новиот број е фокусиран на постхуманизмот, вклучувајќи есеи, уметнички проекти и извештаи, кои критички дискутираат и презентираат различни гледишта во врска со темата. Изданието е конципирано во три секции поврзани меѓусебе и именувани како „Постхуманистичка телесност“, каде прилозите се однесуваат на различното поимање на „телото“ во однос на хуманистичката традиција. Потоа „Пејзаж на вознемиреност“, каде прилозите посочуваат на релациите на културата со животната средина, екологијата и климатските промени и последниот тематски дел е „Погледи кон радикалниот хоризонт“, каде се дискутира како постхуманистичките перспективи се вклучени во самиот чин на политиката и културата.

Ова издание на „Големото Стакло“ вклучува ексклузивни прилози на 22 автори, меѓу кои, Стеларк, кој е перформативен уметник и преку користењето различни протези и роботика го надоградува своето тело, Сузана Хентрих која ги презентира своите фотографии на девастиран пејзаж и околина на Фукушима, Крис Салтер автор, кој тематизира за проблемот на техносферата… Понатаму, Сол Њуман професор на колеџот „Голдсмитс“ со дискусија за постанархизмот, Шантал Муф професорка на „Вестминстер“ со текст за критичките уметнички практики, Аманда Боетскиз, професорка на Универзитетот „Гуалф“ со есеј за Постхуманистичката планетарност, Игор Грубич со претставување визуелен проект за поинаков пристап во третманот на животните… Авторите Хегборг и Блумтрит со експериментален проект помеѓу уметноста и биомедицина, Џозефина Бери, предавач на колеџот „Голдсмитс“ со есеј за уметноста и онтолошките контексти како и други автори и содржини.

Главен одговорен уредник на списанието е Тихомир Топузовски. На промоцијата, списанието ќе се продава по промотивна цена. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе