Промоција на 10 книги за античката филозофија од академик Витомир Митевски

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ утре во 12 часот „Матица македонска“ од Скопје ќе ја промовира авторската едиција во десет книги „Античката филозофија и нејзиното влијание“ од академик Витомир Митевски.

Колекцијата на овие научни книги е резултат на дводеценискиот проект на авторот и претставува серија од монографски дела од кои секое обработува една тематска целина.

Првите шест книги се посветени на: Раната старогрчка филозофија, на Сократ, Платон, Аристотел, Хеленизам и Рим и Доцна антика. Потоа следат четири книги кои го обработуваат влијанието на античката филозофија низ вековите сè до наше време: Античката филозофија и Византија, Античката филозофија и средновековието на Запад,

Античката филозофија и западното нововековие и Античката филозофија и словенскиот свет. За одбележување е што изданието во целина по својата сеопфатност и темелност е реткост во светската философска литература. Настојувањето на авторот да се изразува со едноставен стил и јазик овозможува и некои посложени философски проблеми да бидат разбирливи за пошироката образована читателска публика.

За значењето на овој голем научен и издавачки проект ќе говорат: академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, проф.д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет и д-р Јасмина Поповска, професор по античка филозофија на Филозофскиот факултет од Скопје.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе