„Преобоени фотографии“ – изложба за селскиот живот во 20 век

„Преобоени фотографии“ е насловена изложбата која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музеј на Македонија. Ќе бидат претставени десет слики на кои е прикажан секојдневниот селски живот во минатиот век, изработени во комбинација од акрил, сува пастел, маркери и туш.

„Целта на оваа серија слики е да им даде нова димензија на старите црно-бели фотографии кои се наоѓаат во колекцијата на нашиот Музеј, но и да ги потсети посетителите на длабокото народно богатство на селскиот живот во Македонија кое е зачувано преку фотографиите на Благоја Дрнков“, соопшти организаторот.

Автор на изложбата е етнологот Владимир Благојевиќ, водич-едукатор кој покрај работата во едукативниот центар во етнолошкиот дел на Музејот има бројни самостојни претставувања и учества на групни изложби, а исто така е и автор на стрипови. 

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе