Повикот за пријавување на куратори од Западен Балкан отворен до 8 март

Повикот за куратори од Западниот Балкан, кој беше отворен од Британски совет на почетокот од годинава, се затвора во недела на 8 март.

Британскиот совет почнува нов циклус на соработка со куратори и културни институции од регионот под наслов „Тука сме – Екологии на иднината“. Овој проект се реализира заедно со реномираната уметничка агенција „ЛУКС“, која е една од водечките институции за подвижни слики, истражувања на уметничкиот израз и за експериментален филм.

„По тој повод, отворен е повик за куратори кои треба да одговорат на теми кои се истражуваат во програмата „Екологии на иднината“. На кураторите им нудиме можност за професионална соработка и пракса во регионот, како и соработка со партнери од Велика Британија“, соопштуваат од Британски совет.

Сите заинтересирани може да се пријавуваат преку веб-страницата на Британскиот совет со оригинален кураторски предлог кој ќе вклучи низа дела на уметници од Западниот Балкан кои ќе се изложат заедно со дела на уметници од Велика Британија. – Делата нужно не мора да бидат подвижни слики или видео арт. Покрај ова, потребно е да се осмисли и програма со активности за привлекување публика, нова и онаа која ги познава делата на современите визуелни уметници и ќе поттикне дискусии на теми кои најдобро одговараат на локалните прилики, блиски на темата „Екологии на иднината“, соопштуваат организаторите.

Избраните куратори, посочуваат организаторите, ќе имаат можност да подготват изложби и придружни програми за публика според предложените концепти со покривање трошоци во висина до 7.000 фунти.

„На избраните куратори ќе им биде овозможен пристап до колекциите на Британски совет и на „ЛУКС“ кои поседуваат најдобри филмови на современи уметници кои живеат во Велика Британија и можност за средба со некои од тие уметници; еднонеделен студиски престој во Лондон, чиј домаќин на групата куратори од регионот ќе биде агенцијата ЛУКС и ќе опфати работилници и посети на релевантни галерии и центри за современа уметност во Лондон; и соработка со партнери во својата и останатите земји од Западен Балкан“, информираат од Британски совет.

„Екологии на иднината“ е дел од серијата ТУКА СМЕ, која се состои од пет уметнички филмски програми од збирката на Британски совет и од уметничката агенција „ЛУКС“. Програмата истражува теми како што се раскажување, маргиналност, наследство, родов идентитет, урбанизација и одржливост, на кој начин тие влијаат на млади уметници и на оние кои се етаблирани и живеат во Велика Британија и како ги истражуваат темите преку биографија, документарен филм, поезија и проза.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе