Повици за резиденција на уметници во Линц и во Скопје

На веб-страницата на мрежата на креативци КреАрт (CreArt – Network of cities for artistic creation) во тек се два повика за резиденција на уметници во Линц и во Скопје.

Повикот за Линц, Австрија, е за избор на двајца уметници кои се родени или се жители на некој од 12-те градови вклучени во мрежата кои во текот на мај ќе имаат можност да работат на своите проекти. Условите и оналајн-аплицирањето се достапни на страницата на КреАрт и треба да се пополнат најдоцна до 25 март.

КреАрт-повикот за едномесечна резиденцијална програма за Скопје е отворен во соработка со Град Скопје и се однесува на двајца уметници – еден локален уметник од Скопје и еден од градовите во  мрежата. Резиденцијата ќе се реализира од 20 мај до 20 јуни во Културно-информативниот центар.

Организаторот ги покрива патните трошоци и сместувањето, како и средствата за материјалните трошоци. Апликацијата е отворена до 20 април на страницата на КреАрт.

Мрежата КреАрт на 21 март ќе ја одбележи седумгодишнината од Европскиот ден на уметничка креативност. Програмата ќе опфати различни активности – изложби, работилници, содржини за ученици, разговори со уметници…

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе