Почнува ЗРНО - првиот фестивал на алтернативна фотографија

Изложба на алтернативни фотографии, ќе биде вовед за новиот фестивал на алтернативна фотографија-Зрно која ќе биде отворена вечерва во 20 часот во продажен салон на Културно информативниот центар-Скопје.

На овој фестивал, освен изложбата ќе се случуваат и работилници за алтернативна фотографија. Локацијата за работилниците е Матка, а учесници на работилниците се околу дваесеттина љубители на благородните фотографски процеси од регионот.

„Зрно изрти од инхерентната потреба да ја негуваме шареноликоста на нашиот омилен медиум и како отпор кон закоравениот поглед кон фотографијата кај нас. Зрно е и фестивал, затоа што сака да ја слави фотографијата, во сите нејзини игриви облици. Зрно е иницијатива на неколку фото ентузијасти, кои сакаат да ја слават алтернативната фотографија, старите процеси во фотографијата и нејзината незаменлива убавина. Зрно сака да ја разигра домашната сцена и да го испровоцира светот. Да го натера да успори, да промисли. Да допре. Да прифати игра, да се отвори за „грешките“. Да се насмее. Да се реобмисли себе. Да дише...”, истакнуваат организаторите.
На оваа изложба, се претставуваат неколку алтернативни автор(к)и. Кети Талевска-Бакревска, со своите лумен – принтови. Викторија Мачковска со автентични цијанотипии. Мартина Павлоска, со нејзините весели полароиди и Сашо Алушевски, со цијанотипии од циклусот Пикторијализам. Опремено од Владо Димоски. 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе