Почна меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште 2021“

Вкупно тринаест уметници се дел од традиционалната ликовна колонија „Ѓуриште 2021". Уметниците, кои ќе творат во Свети Николе денеска ги прими градоначалникот, Сашо Велковски. Ликовната колонија е во организација на Дом на култура „Крсте Мисирков" и Општина Свети Николе, а какошто вели Велковски денеска го означиле стартот на 16-та по ред ликовната колонија „Ѓуриште 2021".

„И годинава колонијата има меѓународна димензија со учество на ликовни уметници не само од нашата држава, туку и од Србија и Црна Гора. Вкупно 13 уметници, наредните денови ќе творат на подрачјето на општина Свети Николе и зад себе ќе остават 26 ликовни творби кои јавноста може да ги види на изложбата организирана по повод денот на ослободувањето на Свети Николе 14-ти Септември“, вели Велковски. 

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе